КОЛУМБИЈА Е ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ВИДОВИ ПЕПЕРУТКИ НА СВЕТОТ

Богота, (АФП)

Колумбија е земја во која живеат најмногу видови пеперутки на светот, околу 20% од сите познати видови, се вели во студијата на Природонаучниот музеј во Лондон. Меѓународен тим научници направи листа од 3.642 видови и 2.085 подвидови и ги регистрираше во документот наречен „Листа на колумбиски пеперутки“.

Над 200 видови постојат само во Колумбија“, вели Бјанка Уертас, виш куратор на колекцијата на пеперутки во Природонаучниот музеј во Лондон.

Истражувачите од проектот патуваа низ Колумбија, анализираа над 350.000 фотографии и проучуваа информации кои датираат уште од 18. век.

Колумбија е земја со голема разновидност на природни живеалишта, сложена и хетерогена географија и со привилегирана локација на крајниот североисток на Јужна Америка. Овие фактори, заедно со деликатната безбедносна ситуација во одредени региони во изминатиот век, досега ги ограничуваа истражувањата на терен“, се вели во извештајот.

Заштитата на пеперутките во Колумбија ќе помогне да се заштитат и нејзините шуми“, вели Уертас.

Од 2000 до 2019, Колумбија изгубила шумска површина од 2,8 милиони хектари, што е рамно на големината на Белгија.