Од Хари Потер до Супер Марио и чудовиштето на Франкенштајн, „Јуниверзал Орландо ресорт“ е најголемиот тематски парк во Флорида.
Со пет делови со карактеристична тематика и хотел со 500 соби, тематскиот парк вреден повеќе милијарди долари, треба да биде отворен за јавноста на 22 мај, токму кога тематските паркови во областа Орландо обично се преполни со семејства и млади туристи.
Тоа е првиот голем, традиционален тематски парк отворен во Флорида по 1999.
Се очекува Орландо годишно да го посетат 74 милиони туристи. Еднодневните билети кои почнуваат од 139 долари се зголемуваат до 199 долари за време на шпиц сезоната.
Бојкотот на Соединетите држави од некои Канаѓани ги зголемува стравувањата дека меѓународните туристи ќе се држат настрана од САД годинава.