НАЈКРАТКИОТ МЕЃУНАРОДЕН МОСТ НА СВЕТОТ Е ДОЛГ 10 МЕТРИ И ГИ ПОВРЗУВА САД И КАНАДА

САД, (Н1)

Еден од најнеобичните мостови на светот поврзува две големи држави, САД и Канада, а со својата должина од само десет метри е и најкраток меѓународен мост на светот. Се протега меѓу два острова на реката Сент Лоренс, кои се дел од архипелаг долг 32 километри, поделен помеѓу Њујорк во САД и Онтарио во Канада.

На канадскиот остров Завикон има само една куќа, плажа и неколку дрвја. Не е познато кој е сопственик на оваа мала оаза. Постојат фотографии од мостот од 1910 година на кои се гледаат знамињата на двете држави.

Според договорот за границите помеѓу двете земји, ниеден остров не може да биде поделен на две територии, а за да нема спорови, помалите острови им припаднале на САД, а поголемите на Канада. Денес, мостот е симбол на пријателството и соработката помеѓу овие две големи нации.