„НАЈСТАРИОТ ПАБ ВО БРИТАНИЈА“ ПРЕСТАНУВА ДА РАБОТИ ПО ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ГОДИНИ

Лондон, (Си-Ен-Ен)
Mandatory Credit: Photo by Richard Gardner/Shutterstock (4901291o) Ye Olde Fighting Cocks, England's oldest pub St. Albans, Britain - 11 Jul 2015

Англискиот паб кој тврди дека е најстар во Велика Британија престанува да работи поради финансиски проблеми кои само се влошиле во пандемијата.

„Ye Olde Fighting Cocks“ во Сент Албанс северно од Лондон работи од 793 година, стои на неговиот сајт. Тој сега ги затворил своите врати поради, како што кажа сопственикот Кристо Тофали, долготраен период на предизвикувачки услови за тргување.

„Заедно со мојот тим, пробавме сè за да го задржиме пабот отворен. Сепак, изминатите две години нè поразија. Условите за работа беа екстремно тешки и пред пандемијата, но ефектите на ковид-19 беа уништувачки. Срцето ми е скршено“, вели Тофали.

Главната структура на пабот е изградена во 11. век. Гинисова книга на рекорди своевремено го призна за најстар паб во Британија, но оваа титула е во мирување од 2000, зашто тешко може да се потврди во целост. Компанијата „Мичелс и Батлерс“, која управува со имотот, кажа дека ќе се обиде повторно да го отвори пабот.