НАСА ГИ ОБЈАВИ НАЈДОБРИТЕ ФОТОГРАФИИ НА ЗЕМЈАТА СНИМЕНИ ОД ВСЕЛЕНАТА ВО 2020

Вашингтон, (Лонли планет)

НАСА ги објави 20-те најдобри фотографии снимени во текот на минатата година од астронаутите кои живеат во Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Во ноември, НАСА одбележа 20 години континуирано човечко присуство во вселената, период за кој низ станицата поминале 242 луѓе и биле спроведени повеќе од 3.000 научни експерименти.

„Мажите и жените кои живеат во ИСС прават илјадници фотографии од својата матична планета секоја година и побаравме од нашите колеги од вселенскиот центар ‘Кенеди‘ да ги изберат нивните омилени од 2020“, соопшти НАСА.

Ова се некои од нив:

Париз ноќе
Корзика и Сардинија
Архипелагот Кергелен
Месечината изгрева над Атлантски Океан
Поплави долж Нил во Судан
Нов Зеланд
Западна Австралија
Гребени покрај Нова Каледонија
Облаци над Сахара