ПЛАЖА ВО БРАЗИЛ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ИЗБРАНА ЗА НАЈУБАВА НА СВЕТОТ

Њујорк, (Дејли мејл)

Идилична плажа на мал остров покрај брегот на Бразил втора година по ред е прогласена за најубава на светот.

Во изборот што го прави онлајн компанијата за патувања „Трипадвајзор“, првото место ѝ припадна на плажата Баја до Санчо, што се наоѓа на архипелагот Фернандо де Нороња во Атлантски Океан.

Најубавата плажа во Европа е Спијаџија деи Конилји, позната по своите колонии на морски желки, што се наоѓа на италијанскиот остров Лампедуза во Средоземно Море.

Најубавата плажа во Европа е Спијаџија деи Конилји на италијанскиот остров Лампедуза

Во вкупниот поредок таа се најде на четвртото место, а пред неа се и плажи во две карипски држави, Туркс и Кајкос и Куба.

Иако Кариби доминира на листата, во првите 10 се најде уште една плажа од Европа, Клефтико на грчкиот остров Милос во Егејско Море.

Рангирањето се прави според оценките што ги даваат корисниците на сајтот за период од 12 месеци.