Македонскиот пејач Васил Гарванлиев ќе настапи на првата полуфинална вечер на годинашната Евровизија во Ротердам, Холандија на 12 мај. Со нас во првата вечер ќе се натпреваруваат и: Белорусија, Литванија, Шведска, Словенија, Австралија, Ирска, Русија, Норвешка, Кипар, Хрватска, Азербејџан, Малта, Израел, Украина, Романија и Белгија. Втората полуфинална вечер на 65. издание на Евровизија, е на 14 мај, а финалето е закажано на 16 мај.

Конечниот редослед дополнително го утврдуваат продуцентите на шоуто, велат од Македонската радио телевизија (МРТВ).

МРТВ на 15 јануари го одбра Гарванлиев за национален претставник Евровизија. Триесет и петгодишниот Гарванлиев, кој е дипломиран оперски пејач, стекна слава пред 28 години, кога на фестивалот Златно славејче ја изведе „Марионка“, една од најпопуларните детски песни.

Фото: Фејсбук

Гарванлиев лани беше еден од придружните вокали на Тамара Тодевска, која се пласираше на седмото место и го оствари најголемиот успех на земјава на Евровизија досега.

Во интервјуто за МРТВ, тој рече дека од ланското искуство смета оти тимот е најважен и дека ќе следи работа на песната со која ќе настапи во Ротердам.