ШПАНИЈА ИМА НАЈМНОГУ РЕСТОРАНИ НА СВЕТСКАТА ЛИСТА НА 50 НАЈДОБРИ

Мадрид, (Си-Ен-Ен)

Шпанија е земјата која има најмногу ресторани на светската листа на 50 најдобри ресторани, дури шест. Следуваат Италија со пет и Франција со четири ресторани.

Шпанија има богато кулинарско наследство и повеќедецениска историја со ознаката „најдоброто во светот“. Познатиот ресторан „Ел Були“, кој беше затворен во 2011, пет пати го заслужи првото место од 2002, кога почна да се составува оваа листа.

Ресторани во Барселона, Мадрид и во баскискиот град Ашпе-Ачондо се на второто, третото и на четвртото место. „Дисфрутар“ во Барселона има три ѕвезди „Мишелин“, а менијата за дегустација јадења, за кои ресторанот вели дека имаат нагласено медитерански идентитет, моментално започнуваат од 275 евра, без пијалаци.

Фото: Гети