ШПАНСКИОТ ГРАД ВИГО УКРАСЕН СО 11 МИЛИОНИ СВЕТИЛКИ, ТВРДИ ДЕКА ЈА ИМА НАЈГОЛЕМАТА ЕЛКА НА СВЕТОТ

Виго, (АП)

Виго и неговиот градоначалник Абел Кабалјеро се луди по Божиќ. Шпанскиот град почна да се украсува уште во август, божиќното осветлување првпат беше пуштено на 20 ноември и во ваков амбиент ќе остане до 6 јануари.

(Фото: ЕФЕ)

Кабалјеро со години се обидува да им парира на Њујорк, Париз и Лондон и да ја освои неофицијалната титула за најдобро празнично осветлување. Тврди дека Виго оваа година ја има најголемата елка на светот. Иако многумина го обвинуваат за неодговорно и непотребно трошење пари и електрична енергија, Кабалјеро вели дека ова има за цел да го поттикне туризмот во градот.

„Буџетот на градот за божиќното украсување е еден милион евра, што е смешно во споредба со некои други градови“, кажа Кабалјеро.

На повеќе од 350 улици се поставени 11 милиони ЛЕД светилки и над илјада елки.