Најсеверниот град во Шведска, Кируна, мора да се помести со неговите 18.000 жители за три километри на исток, за да не биде постепено проголтан од рудник. Урбанистите и архитектите кои стојат зад проектот велат дека најголем предизвик не е да се преселат зградите, туку населението.

Државната рударска компанија извлекувала железна руда од под Кируна речиси 70 години, што довело до тоа земјата над рудникот да се намали. Одлуката за преместување на градот беше донесена уште во 2004 година.

Државната рударска компанија извлекувала железна руда од под Кируна речиси 70 години (Фото: Дезин)

Владата ќе пресели 20 значајни згради од стариот дел на Кируна на новата локација, вклучувајќи ја и црквата, која беше избрана за најубав објект во Шведска. Тие целосно ќе бидат демонтирани и реконструирани, а останатиот дел од градот ќе биде изграден од почеток, заедно со нови згради.

Додека физичкото преместување на градот е сложен, скап и уникатен предизвик, преселувањето на заедницата се покажа како потешка задача.

„Предизвикот не е само во тоа да се пресели целиот град, туку и да се смени менталниот склоп на жителите, кои треба да изградат нови дом и идентитет“, вели еден од архитектите.