СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГИ ПОВРЗЕ СВОИТЕ ЗЕЛЕНИ ДЕСТИНАЦИИ СО ВЕЛОСИПЕДСКИ ТУРИЗАМ

Љубљана, (Лонли планет)

Словенија ќе ја отвори најдолгата маршрута за велосипедски туризам на светот, со која ќе ги поврзе локациите што се носители на Зелен сертификат.

Bike Slovenia Green“, што ќе се отвори на 1 ноември, ќе има седум станици на својата една недела долга авантура низ природа. Патеката ќе ги однесе возачите во срцето на Јулијанските Алпи преку езерото Блед до јадранскиот брег на југот на земјата.

Оваа маршрута ќе бара добра физичка подготвеност, но ќе посети неверојатни места низ кои што може да се вози“, вели Јан Клавора од туристичката агенција „Visit GoodPlace“.

Тие добија задача да ја дизајнираат патеката од проектот финансиран од Европската Унија, што ќе го спороведе Министерството за економија.

Сите градови на маршрутата ги задоволуваат словенечките и меѓународните стандарди за Зелен сертификат, но таа поминува и низ вински региони, ги води велосипедистите во мали семејни хотели и се вози главно во мирни, природни услови“, додаде Клавора.

Маршрутата почнува во Крањска Гора, високо во Јулијанските Алпи, па се посетуваат Блед, националниот парк Триглав, Бохињско Езеро, долината на реката Соча и Шмартно на италијанската граница, за преку Комен и Липица да се стигне во Копер.

Да се размислува одговорно не е ништо ново за Словенија. Таа беше прогласена за најодржлива држава на светот од „Нешнал џиографик“ во 2017, а една година порано, Љубљана беше именувана за Зелена престолнина на Европа.