Од Самоа и Кирибати до Американска Самоа и островот Бејкер во САД, светот во рок од 26 часа постепено завршуваше со 2018 и влегуваше во 2019 година.

Кристина Агилера, Стинг и Снуп Дог настапија на Тајмс сквер на пречекот на Новата година во Њујорк, а кога дојде полноќ, Бебе Реџа, американската пејачка чии родители потекнуваат од Дебар и Гостивар, ја запеа „Замисли“ од Џон Ленон.

Њујорк (Фото: АП)

Во Берлин, десетици илјади луѓе се забавуваа со Бони Тајлер и Игл Ај Чери, додека Јапонците ја дочекаа 2019 година гледајќи како боксерската суперѕвезда Флојд Мејведер го победува нивниот кикбоксер Теншин Насукава.

Русите ја славеа Новата година низ 11 временски зони, додека Французите во Париз се присетија на фудбалерите кои летоска по вторпат станаа светски прваци.

И сето тоа, зачинето со спектакуларни огномети и дождови од конфети.

Берлин (Фото: АП)

Куала Лумпур (Фото: АП)

Хонг Конг (Фото: АП)

Париз (Фото: АП)

Санкт Петербург (Фото: АП)