ТРИ МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЛАВЕА НОВА ГОДИНА НА ПЛАЖАТА КОПАКАБАНА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Њујорк, (АП)

Рио де Жанеиро ја имаше една од најголемите новогодишни прослави на светот, откако три милиони луѓе ја пречекаа 2020 година на легендарната плажа Копакабана. Тоа беше проследено со 14-минутен огномет, при што биле испукани повеќе од 15 тони разнобојна пиротехника.

Рио де Жанеиро

Во Сао Пауло, речиси два милиона луѓе ја исполнија главната градска авенија Паулиста, но иако биле употребени 2,7 тони пиротехника, таа беше целосно тивка за да не се вознемируваат животните.

Њујорк (Фото: АП)

Прославата во Њујорк редовно е еден од најгледаните новогодишни спектакли, а на полноќ, врз присутните беа испуштени 1.360 килограми конфети од светлечка кристална топка. Меѓу музичките ѕвезди кои настапија беа Поуст Малоун, Аланис Морисет и корејската поп група БТС.

Торонто (Фото: АП)
Дубаи (Фото: АП)
Берлин (Фото: АП)
Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)