ТУЗЛА – ЗАГАДЕН РУДАРСКИ ГРАД КОЈ ПРОЦУТИ СО ВЕШТАЧКИТЕ СОЛЕНИ ЕЗЕРА

Тузла, (Гардијан)

Кога Јасмин Имамовиќ беше избран за градоначалник во 2000 година, Тузла беше непросперитетен запуштен рударски град, сѐ уште под трауми од уништувачката и крвава војна во БиХ. Градот тонеше, ама во буквална смисла на зборот.

Изграден врз древното Панонско Море, тука со векови се ископуваше камена сол, што предзивикало голем дел од центарот на градот да потоне. Имамовиќ решил најголемиот проблем на градот да го претвори во средство за успех.

Тој ангажирал тим на експерти за да создаде вештачко езеро, така што солената вода ќе се извлекува на површина и ќе се одржува на стабилно ниво. Така во 2003 година е добиено таканареченото Панонско Езеро со површина од 1.115 квадратни метри.

Некогашната мочуришна област е заменета со детска игра во тиркизната вода, сончање на песочната плажа и со семејни пикници. Минатата година, езерото привлекувало 13.000 луѓе на ден, благодарение и на наводните лековити својства на единственото солено езеро во Европа. Некогаш рударски, загаден град, најголемите приходи на Тузла сега доаѓаат од туризмот и од услужната индустрија.

Градот не запре тука, па во 2008 година отвори уште едно езеро со водопади и археолошки парк, а во 2013 и трето езеро.