ВЕРСАЈ ДОБИ ХОТЕЛ СО СПА ЦЕНТАР

Париз, (Си-Ен-Ен)

Францускиот замок Версај од пролетта 2020 ќе има дел кој ќе функционира како хотел. Луксузниот хотел ќе биде на приземјето, во близина на славната Сала со огледала, а ќе има и ресторан и внатрешен базен.

Повикот за трансформирање на три објекти од 17. век и еден од 18. век беше објавен во 2015. За дизајнот беше задолжен архитектот и експерт за ентериери Кристоф Толемер.

Една од собите има поглед на градините (Фото: Си-Ен-Ен)

Версај, центар на кралскиот живот под власта на Луј 16 и Марија Антоанета сѐ до Француската револуција во 1789, има 2.300 соби на површина од 63.154 квадратни метри. Имотот се простира на површина од 800 хектари.

Хотелот „Le Grand Contrôle“ ќе има 14 соби и апартмани, ресторан, велнес центар и базен. Сѐ уште не се објавени цените на аранжманите, но резервации ќе можат да се прават од декември.