ВИЕНА ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД Е НАЈПРИЈАТЕН ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА СВЕТОТ

Виена, (Ројтерс)

Виена го задржа првото место на листата најпријатни градови за живеење, според годишниот индекс на Економскиот сојуз за живеење во светот.

Главниот град на Австрија, кој ги привлекува туристите со богатата историја и класичната музичка сцена, но и со зеленилото и одличните јавни услуги, лани го симна Мелбурн од првото место, кое го држеше седум години.

Виена и Мелбурн со години се борат за врвот во конкуренција на 140 градови и Виена годинава има резултат од 99,1 бод на листата од 0,7 до 100.

„Сиднеј скокна од петтото на третото место благодарение на подобрувањто на културата и екологијата, со зголемување на фокусот за влијанието на климатските промени“, вели Сојузот.