ВО ПАМПЛОНА ОВАА ГОДИНА НЕМА ДА ИМА ТРКИ СО БИКОВИ

Памплона, (Би-Би-Си)

Градските власти на Памплона објавија дека го откажуваат годинашното издание на фестивалот Сан Фермин, во рамките на кој се одржуваат и прославените трки со бикови по тесните улици на овој шпански град.

Тој традиционално се одржува од 6 до 14 јули, но градоначалничката Ана Елисаде кажа дека оваа година нема услови за тоа поради пандемијата на коронавирусот, која особено тешко ја погоди Шпанија.

„Иако ова беше очекувано, сите сме тажни. Борбата против КОВИД-19, сепак, е приоритет“, изјави Елисаде.

Осумте утрински трки со бикови, познати како encierros, се најголемата атракција на фестивалот, но носат и опасности. Од 1910 година, 16 луѓе загинале на овие трки, а секој пат има и доста повредени.