ПЛАСТИЧНА КРУНА ОД ШЕСТ ДОЛАРИ НА ПОКОЈНИОТ РАПЕР НОТОРИУС БИГ ПРОДАДЕНА ЗА 600.000 ДОЛАРИ

Њујорк, (Гардијан)

Шест долари вредната пластична круна на покојниот рапер Ноториус БИГ достигна цена од речиси 600.000 долари на првата аукција на хип хоп предмети во „Сотбис“ во Њујорк. Круната беше користена во фотосесијата што Ноториус БИГ ја сними за едно рап списание три дена пред да биде убиен во 1997 година. 

Таа досега била чувана од фотографот Барон Клејборн, кој и работеше на фотосесијата.

Круната е легендарно парче од историјата на хип хопот. Имајќи ги предвид трагичните настани што се случија само неколку дена по фотосесијата, сликата на крунисаниот Ноториус БИГ стана повеќе од портрет. Таа го трансформираше Биги во светец, во крал на хип хопот“, изјави Клејборн.

Убиството на Ноториус БИГ, кое се случи на врвот на неговата слава, до денес не е расветлено.