ПО РИЈАНА И ЛЕДИ ГАГА, И СЕЛЕНА ГОМЕЗ ВЛЕГУВА ВО БИЗНИСОТ СО КОЗМЕТИКА

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

По Ријана, Леди Гага, и поп пејачката Селена Гомез ќе лансира козметичка линија. Меѓу производите ќе има парфеми, купки за бања, производи за нега на лице, коса, сапуни, лакови за нокти.

Во 2012 таа го лансираше парфемот „Селена Гомез“, а исто така е бренд амбасадор за луксузната модна компанија „Коач“ и спортскиот бренд „Пума“.

Интересот за козметика кај пејачките следи откако Кајли Џенер стана најмлада милијардерка со основањето на брендот „Кајли козметикс“.