ПРИНЦОТ ХАРИ Е НАЈСЕКСИ МАЖ СО БРАДА

Манчестер, (Инстајл)

Принцот Хари е најсекси маж со брада, покажа анкетата направена од Центарот за трансплатација на коса во Манчестер. 33-годишниот принц доби најмногу гласови и според анкетираните нему најдобро му стои брада.

На второ место е холивудскиот актер Рајан Гослинг, а трет најсекси мажи со брада е уште еден актер, Бредли Купер. Потоа на листата се наоѓаат фудбалерот Хари Кејн, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, како и британскиот актер Идрис Елба.

Холивудските ѕвезди Џорџ Клуни, Бен Афлек, Хју Џекмен и Џејк Гиленхал влегуваат во вториот дел од листата на најсекси мажи со брада, според анкетата на Центарот од Манчестер.