Кога нѐ обзема стресот, тој може да се изрази физички преку нашето тело (со главоболки и напнати мускули) и преку нашиот ум (со целосна неспособност да се сконцентрираме на нашите секојдневни обврски).  Токму ова е моментот кога треба да се релаксирате со вистинските вежби кои што ќе ви овозможат да се ослободите од целата тензија и анксиозност.

Петте ефективни вежби кои што би можеле да ги вклучите во вашата дневна рутина кога се чувствувате оптоварени се:

Јога
Јога е прекрасен начин за ослободување од стресот затоа што ги активизира истовремено телото и умот. Редовното вежбање јога е добро за телото, умот и за вашата способност за свесно дишење, три клучни елементи за да имате контрола кога треба да преземете мерки за ублажување на тензијата.

Високоинтензивно тренирање на интервали (ХИИТ)
Високоинтензивните вежби на интервали сигурно ќе ве направат да тонете во својата пот, но во добар смисол. Тие имаат сила да ви ги туркаат границите на вашите можности до апсолутниот максимум, исцрпувајќи ги сите нервозни и непотребни мисли. Според едно истражување од Универзитетот Мисури во Колумбија, овој вид на интензивни вежби ги намалува факторите кои најчесто се поврзани со срцеви болести.

Кикбокс
Кикбоксот е совршен начин за канализирање на фрустрацијата преку физичка активност, а може да си дозволите секој час да биде ослободување од една лутина која ве попречува во одржувањето на дневниот фокус. Само искористете малку имагинација за да претпоставите дека вреќата е нешто што многу ве нервира и мавајте!

Трчање
Ништо не се споредува со слаткото чувство на ендорфини кои што остануваат по долго и убаво трчање, кога стресот изчезнува, а вие се чувствувате подмладени и полни со енергија.

Кревање тегови
Според организацијата „Ливстронг’, вежбите со кревање тегови можат да предизвикаат повиското лачење на ендорфини во помал период отколку кардио. Така што следниот пат кога ќе бидете под стрес, фатете се за тешките тегови за потоа да останете со чист, ослободен и концентриран ум.