РУЧЕК СО ПОГЛЕД ОД 556 МЕТРИ – ВО ШАНГАЈ СЕ НАОЃА НАЈВИСОКИОТ РЕСТОРАН НА СВЕТОТ

Шангај, (Си-Ен-Ен)

Ресторан во Шангај ја презеде титулата на највисок на светот, објави Гинисова книга на рекорди.

„Heavenly Jin“ се наоѓа на 120. спрат во кулата „Шангај“, на височина од 556 метри. Хотелот „Ј“ ги окупира последните неколку ката од кулата, која е висока 632 метри, со што е највисоката зграда во Кина и трета највисока на светот.

(Фото: Гети)

Како и што се очекува, „Heavenly Jin“ нуди неверојатен поглед на градската панорама на Шангај. Менито спојува елементи на европската, јапонската и кинеската кујна. Ресторанот може да прими 256 гости и има пет приватни трпезарии.

Досегашниот рекордер беше „Atmosphere“ во „Бурџ калифа“ во Дубаи, сместен на 441 метар височина.