Актерката Лили Колинс, ѕвезда на серијата „Емили во Париз“, се омажи со филмскиот режисер Чарли Мекдауел. Триесет и двегодишната Колинс објави фотографии од венчавката во Дантон Хот Спрингс, Колорадо. Тие се свршија минатата година.
Британско-американската актерка, која е ќерка на музичарот Фил Колинс, носеше венчаница од дизајнерот Ралф Лорен. И Мекдауел потекнува од славно семејство: неговите родители се актерите Малколм Мекдауел и Мери Стинбурген.
„Никогаш повеќе не сум посакувала да бидам нечија отколку сега. На 4 септември 2021, ние официјално станавме еден на друг засекогаш“, стои во нејзиниот пост на Инстаграм, каде има 23,5 милиони следбеници.