СЕ ПРОДАВА ДОСЕГА НЕВИДЕНО ЉУБОВНО ПИСМО ОД ЏЕКИ ДО ЏОН КЕНЕДИ

Бостон, (Артдејли)

Ретко писмо од Џеки Кенеди до нејзиниот сопруг Џон Кенеди, што содржи детали за нивната врска, е ставено на продажба од аукциска куќа во Бостон.

Рачно напишаното писмо на три страници, од времето кога тој бил сенатор од Масачусетс, ја прикажува Џеки како растргнат матријарх, уморна од аферите на нејзиниот сопруг, но потпишано со „Со сета моја љубов, Џеки“. Писмото нема датум, но се претпоставува дека е од 1957-1958 година, после раѓањето на нивната ќерка Керолајн, која ја добиле по неколку неуспешни бремености.

Оддалечена од Џон, Џеки пишува оти е тешко да комуницира со него и смета дека тоа што една брачна двојка живее одделено, лошо влијае на нивниот однос. На крајот од писмото, таа вели:

„Ти си нетипичен сопруг, па и не треба да бидеш изненаден ако имаш нетипична сопруга. Секој од нас ќе биде осамен на стандардниот начин. Не можам да ти напишам како се чувствувам, но кога ќе бидеме заедно, ќе ти покажам“.

Претходно нивно љубовно писмо кое било ставено на продажба достигна цена од повеќе од 22.000 долари во 2016 година.

„Џеки Кенеди беше исклучителна писателка. Досега сме виделе илајдници писма до нејзини пријатели и до семејството, но ова е единственото писмо во кое таа директно му се обраќа на Џон за нивниот однос“, вели директорот на аукциската куќа, Боби Ливингстон.