СИТЕ КРАЛСКИ СВАДБИ ВО БРИТАНИЈА ИМААТ ИСТА ТОРТА

Лондон, (Вог)

Свадбената торта на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, за која се шпекулираше дека чинела 80.000 долари, беше вистинска сензација: на осум нивоа, со стотици цветови од марципан, интересен дизајн и со сложена изработка. Но, што имаше под белиот крем? Овошна торта.

Свадбената торта на кралицата Елизабета и принцот Филип, која била на четири нивоа и тешка 225 килограми

Во САД, овошјето се користи како обична ужина, но за британското кралско семејство, тоа е најпосакуван вкус за свадбена торта со векови.

Кралицата Викторија имала овошна торта, исто како и кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и принцот Ендрју.

Според Крис Дод, слаткар во лондонската „Даловеј терас“, традиционалниот англиски свадбен овошен состав е мешавина на сушени плодови, натопени во овошни сокови и алкохол, како вино, рум или виски.

Во смесата се додаваат темно кафеав шеќер, миризливи зачини, путер и брашно. Финалниот производ потоа се обложува со слој марципан, за да се добие мазен и елегантен изглед.

Но, како точно овој овошен состав измешан со алкохол стана десерт на кралското семејство? Неговите корени водат до средниот век.

Богати, зачинети овошни торти се послужувале на празници и свечени настани и прослави, како Велигден, Божиќ, свадби и крштевки“, пишува Сидни Минц во Оксфордскиот водич за шеќер и слатки“.

Првиот рецепт за свадбена овошна торта бил објавен во 1655 година.

Овошјето првично било симбол на богатство и просперитет, поради неговите скапоцени состојки, како што се сувите плодови, алкохолот и зачините. Освен тоа, тортата, на некој начин, ја претставувала големината на Британската империја, користејќи состојки од далечните краишта на светот. Свадбата била, и до ден денес е, време за прослава и како таква, бара колач што ќе одговара на оваа прилика, вели Дод.

Свадбената торта на пет спрата на принцот Чарлс и принцезата Дијана во 1981 година

Во врска со следната кралска свадба, медиумите во Велика Британија шпекулираат дека принцот Хари и Меган Маркл ќе имаат банана торта.