СЛАВНИТЕ ФУСТАНИ НА МЕРИЛИН МОНРО НА АУКЦИЈА

Лос Анџелес, (АП)

Фустани и предмети на Мерилин Монро ќе бидат изложени за јавност пред да одат на аукција. Аукциската куќа „Профили во историјата“ објави дека тие ќе бидат изложени во Беверли Хилс, почнувајќи од 18 август, а аукцијата ќе биде кон крајот на октомври.

Меѓу предметите е и фотографија потпишана од Монро, со која му се заблагодарува на продуцентот Бен Лион, кој ја прослави во Холивуд.

„Драг Бен, ме пронајде, ми го даде името и веруваше во мене кога никој друг не го стори тоа. Ги имаш моите благодарност и љубов засекогаш. Мерилин”, стои на фотографијата.

Фустаните од филмовите „Мажите повеќе сакаат русокоси“ и „Седум години верност“ (Фото: Профили во историјата)

Родена како Норма Џин Мортенсон, Монро го променила името по доаѓањето во Холивуд. Го зела моминското презиме на нејзината мајка, а Лион ѝ го дал името Мерилин.

Фотографијата е снимена за време на снимањето на „Седум години верност“, филмот од 1955 година, во кој таа стои над решетка од подземната железница и го држи белиот фустан. Таа стана легендарна за неа.

Реплика на фустанот, направена од истиот дизајнер Бил Травила, која се користела за изложби, исто така е меѓу предметите кои ќе се продаваат, како и рачно напишанато сценарио за филмот.