СПЕЦИЈАЛЕН „ШИРОН“ ВО 20 ПРИМЕРОЦИ ЗА 110 ГОДИНИ „БУГАТИ“

Париз, (Мотор1)

„Бугати“ оваа година го прославува својот 110. роденден и најдобар начин да се одбележи јубилејот е со специјално издание на „широн“ и тоа не кој било, туку неговата верзија „спорт“, која беше претставена на ланскиот Женевски автосаем.

Тој станува уште поспектакуларен со додавањето на ексклузивен панорамски покрив, кој се состои од двојни стаклени панели, сместени над главите на возачот и совозачот.

Оддавајќи ѝ почит на својата татковина Франција, новиот монстроузен В16 ги носи боите на француското знаме, а шасијата целосно направена од јаглеродни влакна, што го прави полесен за 18 килограми, доби специјална нијанса на сината боја, наречена steel blue.

Во поглед на моторот, „110 ан бугати“ (110 години бугати) не е надграден во споредба со регуларниот „широн“, па квад-турбо В16 8,0-литарскиот мотор и натаму произведува 1.479 коњски сили.

Компанијата ќе го ограничи производството на „110 ан бугати“ на само 20 примероци.