Компанијата за луксузен накит „Тифани“ од октомври ја лансира првата поголема и побогата колекција на накит за мажи, со цел да внесе разноликост во вообичаената потрошувачка маса.

Најавувајќи ја новата линија, „Тифани“ вели дека е дел од нивната стратегија да привлече млади купувачи и да ја зголеми продажбата, кој почна да опаѓа.

Фото: АП

„Тифани“ досега продаваше стандарден накит за мажи како прстени, копчиња за манжетни, а отсега ќе продава и помодерни парчиња. Новата колекција содржи речиси 100 дизајни кои се движат од 200 до 15.000 долари за парче накит. Исто така ќе почне да продава парчиња мебел за домаќинствата, како и чаши за пиво, за коктели и шејкери.