Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг Доналд на патувањето во Хелсинки, кадешто тој денеска треба да одржи 90-минутен состанок со рускиот претседател Владимир Путин, од кој, како што кажа претходно, не очекува ништо.
Пред тоа, тие се дружеа со своите домаќини: финскиот претседател Саули Нинисто и со неговата сопруга Јени Хаукио.
Првата дама на САД и за оваа прилика избра дизајнерска гардероба, капут од „Гучи“ вреден 3.700 долари, како што и се очекува од една светска модна икона. За разлика од неа, Хаукио носеше летен фустан со пеперутки, покажувајќи ја својата уметничка страна.
Четириесет и едногодишната прва дама на Финска, која го роди првото дете пред само пет месеци, по професија е поетеса.