Балетска сукња, позната како пачка, која беше потопена во длабочините на Мртвото Море и „замрзната“ со слоеви сол, станувајќи скулптура тешка 200 килограми, следната година ќе биде дел од меѓународната изложба во Салцбург, насловена „Солени години“.
Израелската уметница Сигалит Ландо (49 години) ја искористи високата соленост поради која нема живот во Мртвото Море, за да создаде колекција на сјајни бели скулптури кои изгледаат како од бајка.
Меѓу замрзнатите предмети се и целосен балетски костум, чевли, влечки, како и музички инструменти.
Ландо и нејзиниот тим ги обезбедуваат потопените предмети со метални рамки, тегови и со силни жици.
Уметницата, која редовно го посетува Мртвото Море од детството, рече дека започнала со проектот откако забележала кристални формации по должината на бреговите, кои „настануваат спонтано“.
Ландо веќе 15 години работи на овој процес на креирање дела, а планира да издаде и книга.