Фустанот што принцезата Дијана го носеше на свадбата со принцот Чарлс во 1981 година е изложен во нејзиниот поранешен дом, палатата Кенсингтон во Лондон. Нејзините синови Вилијам и Хари се согласија да го позајмат фустанот за изложбата, која се отвори еден месец пред она што ќе беше 60. роденден на Леди Ди.
Венчаницата беше дизајнирана од Дејвид и Елизабет Емануел и содржи 7,6 метри долг вел, кој го исполни коридорот во катедралата „Сент Пол“.

„Ова е една од најпознатите венчаници во историјата“, велат организаторите на изложбата.
Таа се фокусира на облеката дизајнирана за членовите на британското кралско семејство, вклучувајќи ги Елизабета Втора и нејзината мајка.
„Кога Дијана и Чарлс ми се јавија да направиме венчаница за неа, тоа беше еден од оние чудни моменти после кои знаеш дека твојот живот веќе нема да биде ист“, вели Елизабет Емануел.