ЗА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРАВИ ОБЛЕКА СО КРЗНО

Лондон, (АП)

Новата облека на кралицата Елизабета Втора нема да содржи природно крзно, објави Бакингамската палата, додавајќи дека ова не значи дека таа целосно се откажува од него.

„Кралицата ќе продолжи да ги носи старите парчиња облека од нејзината гардероба“, стои во соопштението.

Активистите за заштита на животни, кои знаат да ја критикуваат 93-годишната кралица за користењето на крзно во нејзините дизајнерски креации, ја поздравија одлуката.

Клер Бас, директорка на Хумано општество, изјави дека се пресреќни што кралицата веќе нема да користи крзно и дека нејзината одлука испраќа позитивна порака дека крзното не е мода.