Педесет восочни фигури на индиски и на светски познати личности се поставени во музејот „Мадам Тисо“ во Њу Делхи, кој свечено беше отворен денеска.
Во музејот се изложени восочни верзии на боливудски и холивудски актери, спортски ѕвезди, премиерот Нарендра Моди и на таткото на индиската нација Махатма Ганди.
Музејот во зградата „Регал“ во центарот на Њу Делхи е 23. објект на „Мадам Тисо“, кој е успешна туристичка атракција во Лондон, Лас Вегас, Њујорк, Вашингтон, Орландо, Сан Франциско, Хонг Конг, Амстердам, Берлин, Бангкок, Токио и Пекинг.
„Ова е навистина возбудливо и емотивно, што, конечно, можеме да го видиме ‘Мадам Тисо’ и во Њу Делхи. Гостите ќе можат да комуницираат, играат и дури да размислуваат со нашите фигури во уникатната и извонредна поставка“, рече директорот на музејот Аншул Џаин.