12 НОВИ ВИДОВИ ОТКРИЕНИ ВО ДЛАБОЧИНИТЕ НА АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН

Лондон, (Би-Би-Си)

По речиси петгодишно издражување во длабочините на Атлантскиот Океан, научниците открија 12 нови видови. Морската мов, мекотелите и коралите досега не биле откриени бидејќи дното е толку неистражено, велат научниците. Тие предупредуваат дека новооткирените животни веќе се во опасност поради климатските промени.

Јаглерод диоксидот кој е апсорбиран од океанот, го прави покисел, предизвикувајќи корозија на скелетот на коралот. Сепак велат тие, „не е предоцна за да се заштитат овие специјални видови“ и околината каде живеат.

Професорот Џорџ Фолф, хемичар и специјалист за океани од Универзитетот во Ливерпул, кој работел на проектот изјави: „Може да се каже дека имаме подобри мапи за површината на Месечината или на Марс отколку за морското дно. Секогаш кога се нурнува длабоко во океанот, се открива нешто, не само индивдиуални видови, туку цели екосистеми“.