18.000 ГОДИНИ СТАРО ЖИВОТНО ПРОНАЈДЕНО ВО СИБИРСКИ МРАЗ ГИ ПОДЕЛИ НАУЧНИЦИТЕ

Стокхолм, (Би-Би-Си)

Научниците се обидуваат да утврдат дали 18.000 старо кутре пронајдено во Сибир е куче или волк.

Животното, кое умрело кога имало само два месеца, било толку добро зачувано во пермафростот, што неговите крзно, нос и заби се во совршена состојба.

Видот на животното ќе се утврдува со ДНК анализа и научниците веруваат дека тоа би можело да биде еволуциска врска помеѓу волците и денешните кучиња. Возраста на кутрето и колку долго било замрзнато прецизно се утврдени со радиојаглеродно датирање, како и дека е мажјак.

„Животното би можело да припаѓа на вид што вообичаено се смета за предок и на кучињата и на волците. Веќе добивме многу податоци и очекуваме да дознаеме што е точно“, изјави Дејв Стентон од Центарот за палеонтологија во Шведска.

Неговиот колега Лове Дален смета дека ова, можеби, е најстарото куче досега пронајдено. Тој беше именуван Догор, што на јакутски јазик значи пријател.

Според студија од 2017 година, луѓето почнале да припитомуваат животни пред 20.000-40.000 години.