Уште две лица починаа од КОВИД-19 во Македонија и тоа се некои од најмладите жртви на болеста од почетокот на кризата.
- Дваесет и петгодишен скопјанец со Даунов синдром е новата најмлада жртва на коронавирусот во земјата.
- Почина и 36-годишен жител на Гостивар, кој имал обезност и тешка клиничка слика.
- Коронавирусот досега однесе 59 животи во Македонија.
- Од направените 728 тестови во последните 24 часа, 41 бил позитивен, од кои 17 во Скопје, по осум во Куманово и Прилеп, четири во Тетово, два во Велес и по еден во Битола и Струга.
- Во Македонија досега се потврдени 1.367 случаи на коронавирус.
- Бројката оздравени изнесува 374, 37 повеќе во однос на вчера.
- На светско ниво досега има над 2,8 милиони заразени и 200.000 починати од КОВИД-19.