Повеќе од 3.000 учеснички денеска ја истрчаа 11. Авицена Женска трка, посветена на женското здравје и спортски дух.
Победничка е Биљана Кираџиева за 10 минути и шест секунди, второто место ѝ припадна на Рената Соколовска (11 минути и 20 секунди), а третото на Фросина Михајловска (11 минути и 30 секунди).
Стартот и целта на трикилометарската трка беа на булеварот Илинден кај фонтаната Лотос.
„Со денешната 11. Авицена Женска трка, со поставен рекорд од 3.000 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сѐ поголем број натпреварувачки“, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.