Денес (2 Август) во 20:30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се отвори изложбата „Ретроспектива“ на уметникот Даме Затуровски.
Тој ќе се претстави со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники. Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга.
Затуровски е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1993 година. Зад себе има преку 11 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и во странство. Познат е и по изработката на макети на стари бродови и верски објекти, чии фотографии исто така ќе бидат изложени.