Родната куќа на Вилијам Шекспир и на Чарлс Дикенс, но и ноќни клубови беа додадени на листата на историско наследство на Велика Британија.

Нови десет имиња беа вклучени во кампањата „Историја на Англија во 100 места“, која содржи локации од големо национално значење, покривајќи области од наука и индустрија до спорт и уметност.

Меѓу нив се најдоа и „Клубот 100“ во Лондон, отворен во 1942 година, кој е најдолговечниот концертен простор на светот и легендарната дискотека „Хасиенда“ во Манчестер. Таа работеше од 1982 до 1997 година и беше столб на клупската сцена во Англија во 80-ите години. Токму во „Хасиенда“ Мадона го одржа својот прв концерт во Велика Британија (1984) и тој беше првиот клуб во којшто, од 1986 година, се пушташе хаус музика.

Во листата влезе и музичкото студио „Еби роуд“, кое секогаш ќе биде асоцијација на „Битлси“, како и родните куќи на писателите Џејн Остин и Џорџ Орвел.