АНГЛИСКА ПИЦЕРИЈА ПРОДАВА ПИЦА СО АНАНАС ЗА 120 ЕВРА ЗА ДА ГИ ОДВРАТИ МУШТЕРИИТЕ

Анталија, (Ројтерс)

Модерна пицерија во англискиот град Норвич му објави војна на ананасот, наплаќајќи 100 фунти (120 евра) за хавајска пица, во обид да ги одврати муштериите од озлогласената пица со ананас. Пицеријата неодамна додаде пица со шунка и ананас во своето мени, пишувајќи во описот: „Да, за 100 фунти можете да го јадете ова“.

„Ние воопшто не го сакаме ананасот на пица. Мислиме дека воопшто не одговара за пица“, рече косопственикот на пицеријата „Лупа“, Френсис Волф.

Другиот косопственик, главниот готвач Квин Џијаноран, рече дека чувале конзервиран ананас во ресторанот во случај некој да го нарача, но тоа досега не се случило.

Како што пицата со ананас стана популарна на глобално ниво, Италијанците останаа збунети. Истражување од јануари 2024 покажа дека над 50% Британци сакаат ананас на пица.

(Фото: Шатерсток)