„АРС ЛАМИНА“ ЈА ОБЈАВИ „МОНОЛОГИЈА“ НА ВАСКО ТОДОРОВ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Книгата „Монологија“ на Васко Тодоров во која се собрани сите монолози на неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот од популарното шоу „К-15“ излезе неодамна во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Во „Монологија“ се собрани најпознатите монолози на Тошо Малерот снимени со „К-15“, но и скечеви кои досега не биле емитувани на телевизија.

Тодоров во моментов е дел од екипата на сатиричната емисија „Фчерашни новости“. „К-15“ во текот на своето постоење е емитувана на повеќе домашни телевизии и останува една од најпознатите хумористични емисии во земјава.