Крајната граница можеби и не е така далеку како што се мисли.
Астрономите откриле вонсочева планета (егзопланета), која потсетува на планетата Вулкан од „Ѕвездени патеки“ и таа кружи во систем оддалечен само 16 светлосни години од Земјата.
Откритието беше објавено во последниот број на месечникот на Кралското астрономско друштво. Таа е првата супер-Земја детектирана од телескопот поставен на врвот на планината Лемон во јужна Аризона.
„Тоа е најблиската супер-Земја која орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето. Планетата е двапати поголема од Земјата ѝ и требаат 42 дена за круг околу нејзината ѕвезда“, вели астрономот Џијан Ге, автор на студијата.
Суперземјите имаат поголема маса од Земјата, но не се големи како други џиновски, гасни планети.
Планетата кружи околу портокалова ѕвезда, именувана ХД 26965, што фановите на „Ѕвездени патеки“ ја знаат како 40 Еридани А. Тоа име ѝ го даде креаторот на „Ѕвездени патеки“ Џин Роденбери, кој ја сметаше за идеална ѕвезда на фиктивната планета Вулкан, дом на омилениот лик Спок.