БАЕРН ГО ЗАБЕЛЕЖА НАЈТЕШКИОТ ПОРАЗ ОД 1978

Минхен, (Би-Би-Си)

Баерн Минхен синоќа го доживеа најтешкиот пораз во последните 43 години кога изгуби со 0:5 од Борусија Менхенгладбах во второто коло на Германскиот куп. Борусија поведе во втората минута, а веќе во 21. минута беше 3:0.

„Ова беше колективно помрачување. Ќе живееме со злоба и исмевање во следните ден-два“, изјави Дино Топмелер, помошникот на тренерот Јулијан Нагелсман, кој е во самоизолација поради позитивен тест на коронавирус.

Баерн последен пат изгубил со вака голема разлика во 1978 година, кога Фортуна Диселдорф го совлада со 7:1 во Бундеслигата. Рекордниот пораз на Баварците датира од 1976, 0:7 од Шалке на домашен терен, исто така во домашното првенство.

Дваесеткратниот освојувач на купот вчера ја прекина серијата од 85 натпревари со постигнат гол.

„Можеме само да им се извиниме на навивачите. Со исклучок на Нојер, сите бевме катастрофални. Никогаш не сум искусил вакво нешто“, кажа Томас Милер.