БЕГАЛКА ОД БИХ СТАНА НАЈМЛАДА ЧЛЕНКА НА НОРВЕШКАТА ВЛАДА

Осло, (ФЕМА)

Дваесет и осумгодишна бегалка од БиХ стана најмлад член на норвешката влада, откако беше именувана за заменичка на министерот за индустрија и економија.

Хана Сумеја Атиќ е родена во Бугојно, но по почнувањето на војната во БиХ, како деветмесечно бебе дошла со мајка ѝ во Хрватска, за потоа целото семејство да се пресели во Норвешка во 1993 година.

„Со 28 години, јас сум најмлад член на норвешката влада. Ова е признание за мојата напорна работа во изминатите години и доказ дека сите сништа можат да се остварат ако имате јасна цел“, изјави Атиќ за новинската агенција ФЕНА.

Членка на владејачката Конзервативна партија, таа претходно работела како советничка на министерот за образование, а во јануари 2018 дојде на местото советник во Министерството за индустрија и економија.

„Ова е голем предизвик за една млада личност како мене. Среќна сум поради шансата што ми ја даде премиерката Ерна Солберг“, вели Атиќ, која студирала право во Бремен.