Зоолошка градина во Белгија објави дека се родиле близнаци панди, што е реткост за нивниот вид. Родителите, мајката Хао Хао и таткото Џинг Хуи дојдоа во зоолошката во 2014, а се позајмени на 15 години од Кина. Нивното прво дете Тијао Бао, се роди во 2016.
Зоолошката и ботаничка градина Паири Диаза рече дека близнаците, машко и женско претставуваат „нова надеж“ за пандите, кои според Светскиот фонд на див свет, ги има уште 2.000 во светот.

Мајката Хао Хаои ги родила мечињата во средата, прво машкото со тежина од 160 грама, а по два часа и женското од 150 грама.
„Добивањето на близнаци панди е прекрасна вест за овој исклучителен вид. Ние сме многу горди, ова е голема награда за нашите тимови кои се грижат за животните секојдневно“, вели директорот на Зоолошката, Ерик Домб.