Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт се разделија по помалку од една година брак. Портпаролот на пејачката рече дека двојката одлучила „дека пауза од брачниот живот е најдоброто нешто во моментов за да се фокусираат на нив самите и на кариерите“.

Двојката се запознала пред речиси една деценија на снимањето на филмот „Последната песна“. Се свршија во 2012, но следната година раскинаа. Се смирија во 2015 и потоа повторно ја објавија свршувачката. Се венчаа на крајот на декември 2018.

Портпаролот додаде дека „ќе останат посветени родители на сите заеднички миленици“, и дека побарале приватност од медиумите.