Братислава планира да рециклира отпушоци и да ги користи во производството на асфалт.
Јавното претпријатие за управување со отпад во Братислава (ОЛО) соопшти дека оваа година ќе постави специјални контејнери за отпушоци на јавни настани. Во соработка со градскиот совет на Братислава и две други компании, ОЛО ќе помогне овој отпаден материјал да се претвори во асфалт за патишта.
„Ако посетителите на фестивал, трка, пазар или некој друг јавен настан ги фрлат отпушоците во овие контејнери, тие ќе придонесат не само за почиста животна средина, туку и за повторна употреба на овој вид отпад“, изјави Мартина Чехова, менаџерка во ОЛО.
Во овој проект, филтри од цигари направени од специјални влакна ќе се користат како додаток во подготовката на асфалт.
Овие контејнери првпат беа испробани за време на божиќните пазари, кога се собираа и стандардните филтри и оние од електронските цигари.
Словачка е пионер во рециклирањето отпушоци. Во централниот дел на земјата веќе постои пат за чие правење беа употребени отпушоци и е прв од таков вид во светот.
(Фото: ОЛО)