БРАЗИЛЦИТЕ ИЗБРАА НОВ СЕЛЕКТОР ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА АНЧЕЛОТИ

Бразил, (АП)

Фернандо Диниз е назначен за нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација, но само за да ја чува клупата за Карло Анчелоти. Тренерот на Флуминензе потпиша 12-месечен договор, зашто директорите на Бразилската фудбалска конфедерација се подготвени да го чекаат Анчелоти уште една година, додека не му истекне договорот со Реал Мадрид. Засега нема потврда за ова од самиот италијански стручњак.

Ако се реализира ова, Анчелоти ќе биде првиот странски селектор во историјата на бразилската репрезентација.

Бразил сè уште нема избрано постојан наследник на Тите, кој поднесе оставка по поразот од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Рамон Менезес беше в. д. селектор на три меча, кого од денеска ќе го замени Диниз.

Не го сметаме Диниз за привремен селектор. Тој ќе направи транзиција во репрезентацијата за Анчелоти, кој ќе го води тимот на Копа Америка 2024“, изјави Едналдо Родригеш, претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација.

(Фото: АП)