БРЕГЗИТ ГИ ЗАГРОЗУВА ЖИРАФИТЕ И СЛОНОВИТЕ ВО ЕУ

Лондон, (Ројтерс)

Вработените во зоолошките градини во Европа се загрижени за окапите и слоновите ако Велика Британија излезе од Европска Унија без договор.

Седумдесет и три окапија, загрозен вид жирафи од Демократска Република Конго, живеат во земјите на ЕУ, кадешто правото на слободно движење е поткрепено со меѓудржавен проект за одгледување. Ако Британија, во која живеат 15 примероци, излезе од Унијата без договор, таа ќе биде отстранета од проектот, вели Сандер Хофман, генерален куратор во Зоолошката градина во Антверпен, која го координира преместувањето на окапите заради репродукција.

Околу 350 зоолошки градини, вклучувајќи ги 40-те во Британија, се дел од Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми, што овозможува транспорт на животни низ Унијата за размножување. Асоцијацијата ги советува зоолошките да ги транспортираат животните од и до Британија што е можно побрзо, во случај да има брегзит без договор.

„Тешко е и сега да се организира транспорт на слонови. Замислете колку ќе биде тешко кога нема да знаеме кои документи ќе ни требаат или низ кое пристаниште ќе треба да поминат“, вели Хофман.