Велика Британија сега има повеќе станици за полнење електрични автомобили отколку бензински пумпи, покажа ново истражување.

Студијата што ја спроведе „Нисан“ покажа дека низ Британија моментално има 9.300 локации за полнење електрични возила, во споредба со 8.400 бензински станици. Речиси 80% од бензинските станици се затворени од 1970 година наваму, додека бројот на електрични полначи во изминатите осум години пораснал од неколку стотици на повеќе од 9.000. Само минатата година, низ Лондон биле инсталирани повеќе од 1.000 пунктови за полнење на електрични автомобили.

Од „Нисан“ велат дека се изненадени од брзината со која електричните полначи го надминаа бројот на бензинските станици. Во 2016 година, компанијата предвиде дека ова ќе се случи најрано во август 2020 година.